Данскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунјатед, Кристијан Ериксен јавно говореше дека не незадоволен во англискиот клуб. 32-годишникoт оваа сезона настапи на 21 натпревар, а одигра само 1130 минути на теренот постигнувајќи еден гол и две асистенции.
Сепак искусниот Данец вели дека ја разбира ситуацијата во тимот, особено откако младиот Коби Маино се наметна за место во стартниот тим во последните два месеци.
„Одамна имам кажано дека не сум задоволен кога не играм, но тоа не е нешто поради што не можам да спијам навечер. Тимот игра добро и јас морам да ја почитувам улогата која ја имам. Морам напорно да работам за да бидам подготвен за секој натпревар, што и сум. Разговарав со тренерот Тен Хаг и му го кажав мојот став. Сакам да играм што повеќе, но јас сум тука за екипата.
Коби игра многу добро, како и останатиот дел од средниот ред така да постои конкуренција за местото, нешто што и го очекував со оглед на тоа што играм за врвен тим“, изјави Ериксен.
Ериксен е дел од Манчестер Јунајтед од 2022 година каде пристигна по полусезона со Брентфорд. Претходно настапуваше и за Интер, Тотенхем и Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА