Асовите на Шкендија повторно на дружба со децата со посебни потреби

Екипата на Шкендија ја продолжи прекрасната традиција, како дел од новогодишните празници фудбалерите на тетовскиот клуб да минат дел од своето време со децата со посебни потврди.

„Црвено-црните“ предводени од капитенот Бесарт Ибраими, заедно со Зејнулаи, Мурати и Фетаи, го разубавија денот на дечињата во специјалната паралелка во Основното училиште „Лирија“.

Шкендија дефинитивно потврдува дека е клуб што знае како треба да се функционира на теренот, но и надвор од него.

Се вчитува...