Манчестер јунајтед се пласира во финалето на Лигата на Европа и ќе игра против Ајакс на 24 мај во Стокхолм, но шпанскиот претставник Селта ги собра симпатиите за својата одлична игра на реваншот на „Олд трафорд“. Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Иаго Аспас, истакна дека дружината од Виго надиграла милионски тим.
„Неколку добри другари успеаја да надиграат тим составен од милионери. Бевме подобри на реваншот и заслуживме пласман во финалето. Штета за шансата што не ја реализиравме во последните моменти од мечот. Селта покажа дека има голем квалитет и можеме да се гордееме со тоа“, изјави Иаго Аспас, по синоќешното реми (1-1) на „Олд трафорд“.
Манчестер јунајтед патува во финалето поради минималниот триумф на гости (0-1) во Виго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА