Аспиликуета пристигна во Андалузија

Шпанскиот фудбалер Сезар Аспиликуета е нов член на Севилја, објави официјално андалузискиот клуб.

36-годишниот Аспиликуета доаѓа во клубот како слободен агент, и потпиша едногодишен договор со Севилја, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Шпанскиот фудбалер ги помина претходните две години во Атлетико Мадрид, за кој одигра 54 натпревари во сите натпреварувања. Поголемиот дел од својата кариера го помина во Челси, со кого ја освои Лигата на шампионите, два трофеи во Лига Европа и две титули во Премиерлигата.

Во својата кариера, тој играше и за Осасуна и Марсеј. Аспиликуета досега одиграл 44 натпревари за шпанската репрезентација.

Севилја е на 17-то место на табелата во шпанското првенство без бодови по две кола, а утре ќе биде домаќин на Џирона.

Се вчитува...