Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Уникс во ВТБ-лигата, предводејќи го својот тим до лесна победа над Астана со убедливи 96-65.
Тимот на Македонецот уште во првата четвртина стигна до двоцифрено водство (23-12), што ВТБ-шампионот го зголемуваше како што одминуваше времето, за на крајот да триумфира со „плус 31“. Димитријевиќ одлично ги разигруваше соиграчите, па натпреварот го заврши со 14 поени, 7 асистенции и две украдени топки, сето тоа само за 20 минути игра, откако тренерот Перасовиќ реши да го одмори во последната четвртина.
Уникс со скор 5-1 моментно се наоѓа на второто место на табелата во регионалното натпреварување, зад лидерот ЦСКА Москва на чело со македонскиот тренер Емил Рајковиќ, кој има перфектни 6-0 по првите шест рунди во ВТБ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА