Емил Рајковиќ по одличните резултати со полскиот прволигаш Стал Остров се реши за нов предизвик во кариерата, прифаќајќи ја понудата да седне на клупата на Астана. Станува збор за актуелниот првак на Казахстан, со кој Рајковиќ ќе биде дел од Лигата на шампионите на Азија, но исто така и ќе се натпреварува во ВТБ-лигата против руските гиганти ЦСКА, Уникс Казан, Локомотив Кубан…
Астана денеска и официјално го промовираше македонскиот стратег за свој нов тренер, на оваа функција наследувајќи го Костас Флаверакис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА