Астон Мартин по 60 години се враќа во Формула 1

Формула 1 тимот на Рејсинг поинт ќе го носи тоа име само уште годинава, додека во 2021 година ќе стане Астон Мартин. Познатиот британски автомобилски бренд повторно ќе има претставник во Ф1 шампионатот по точно 60 години.

Сосптвеникот на Астон Мартин, Лоренс Строл е сопственик и на конзоциумот Рејсинг поинт. Тој пред само 18 месеци го презема тимот на Форс Индија, а Рејсинг поинт оттогаш ја задржа розевата боја на болидот. Сепак, од 2021 година кога ќе стапат на сила големи промени на болидот тој ќе биде во зелена боја. Астон Мартин свој тим во Ф1 имаше само во две сезони (1959 и 1960) и во двете сезони британскиот тим не успеа да стигне до поени.

За екипата во 2021 сигурно ќе вози Мексиканецот, Серхио Перез, кој има договор со тимот, додека се очекува втор возач и понатаму да биде синот на сопственикот Лоренс Строл, Ленс.

Се вчитува...