Астон Мартин сака да го украде виновникот за доминацијата на Ред Бул

Лоренс Строл му понудил на Адријан Њуи договор кој наводно е на исто ниво со најплатените возачи во Формула 1 да го напушти Ред Бул и да се приклучи на Астон Мартин, пренесува „Автоспорт“.

Во Формула 1, Њуи дизајнираше победнички болиди во Вилијамс, Мекларен и Ред Бул, освојувајќи 12 шампионати за возачи и 13 за конструктори, а долги години беше цел на Ферари, кои не успеаја да го донесат. Последен пат Британецот го смени тимот во 2006 година, кога го напушти Мекларен и се приклучи на Ред Бул, со кого освои седум шампионати за возачи и шест за конструктори, а наводно првично добивал околу 10 милиони долари годишно.

Строл не штеди на пат кон врвот на Формула 1, па по големите инвестиции во нова фабрика и тунел за ветер, тој сака да го донесе Њуи. „Автоспорт“ пренесува дека Строл е подготвен да му понуди на Њуи годишна плата на ниво на најдобрите возачи, која е околу 50 милиони долари, а Њуи би имал одврзани раце.

Се вчитува...