Астон Мартин се враќа во Формула 1 по 61 година

Астон Мартин по 61 година пауза во сезоната 2021 се враќа во Формула 1 шампионатот. Астон Мартин ќе се фузира со тимот на Рејсинг поинт кој е дел од шампионатот, а договорот ќе изнесува една милијарда долари.

Најголемите заслуги за овој договор одат кај сопственикот на Рејсинг поинт, Лоренс Строл кој во новиот тим ќе го преземе местот извршен директор.

„Историјата и брендот кои ги има Астон Мартин бараат натпреварување на најголемо ниво во мотоспортот“, изјави Строл. 

База на тимот ќе биде „Силверстоун“, а во моментов дел од тимот се синот на Лоренс, Ленс и искусниот Мексиканец Серхио Перез.

Се вчитува...