Астон Вила го продолжи походот кон место кое води во Лигата на Шампионите за престојната сезона откако во 32. коло на Премиерлигата славеше на гостувањето кај Саутемптон со 0-3 потврдувајќи ја фаворитската улога против „фенерџијата“ во натпревар во кој Асенсио промаши два обиди од белата точка.
До триумф гостите стигнаа во второто полувреме во кое мрежата ја тресеа Воткинс во 73. минута, Мален во 79. минута и Мегин во 94. минута. Асенсио имаше шанса да го отвори натпреварот со реализиран пенал во 69. минута, но промаши, а потоа не успеа да го совлада голманот од белата точка ниту во 94. минута.
Во серија на порази влезе Нотинхем Форест кој на домашен терен загуби од Евертон со 0-1 благодарение на голот на Докуре во четвртата минута од судиското продолжение на второто полувреме.
Бодовите ги поделија и Брајтон и Лестер со краен резултат 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

