Астон Вила добива две квалитетни засилувања во нападот

Две кола и само еден бод, без постигнат гол е билансот на Астон Вила на почетокот на новата сезона. Тоа беше доволна причина да се запали „алармот“ и да се ангажираат засилувања во нападот, пред продолжение на сезоната.

Затоа тимот од Бирмингем е многу блиску да постигне договор со двајца офанзивни играчи. Едниот од нив е Кристофер Нкунку, играчот на Челси кој е на излезна врата од „сините“. 27-годишниот Французин е баран и од Лајпциг, кого го сака на позајмица.

Астон Вила исто така ќе го врати и играчот на ПСЖ, Марко Асенсио за кого нема место во европскиот првак. Минатата сезона Шпанецот играше како позајмен во англиската екипа, и сега се размислува на перманентен договор.

Астон Вила исто така е во разговори и за Николас Џексон, исто така од Челси кој веројатно ќе си замине од клубот.

Се вчитува...