Астон Вила договори напаѓач од Ница

Екипата на Астон Вила ги договори сите детали за трансфер на напаѓачот на Ница, Еван Гесан. 24-годишниот фудбалер е роден во Франција, но има потекло од Брегот на слоновата коска. Потекнува од Ница, а во 2023 влегува на „големата сцена“.

За Ница одигра 109 натпревари, постигна 21 гол, изапиша 15 асистенции. Она кое Астон Вила го привлече овој фудбалер, е фактот што може да игра на секоја позиција во нападот.

Такво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги купи ниту Маркус Рашфорд ниту Марко Асенсио, по позајмувањата, додека Џон Дуран исто така отиде во Ал Наср во зима.

На Астон Вила ѝ е очајно потребна силна напаѓачка ротација, сè додека Оли Воткинс остане. Сепак, се очекува дека брилијантниот Воткинс ќе биде цел на одредени клубови, пред сè Њукасл и Манчестер Јунајтед, во зависност од исходот на Бенџамин Шешко.

Се вчитува...