Астон Вила е многу блиску до четвртфиналето во Лигата на Шампионите откако англискиот премиерлигаш на првиот осминафинален дуел славеше како гостин над Бриж со 1-3.
Фудбалерите на Бриж имаат за што да жалат по ваквиот исход ако се знае дека Вила прва поведе преку Бејли во 3. минута, девет минути подоцна Де Кујпер израмни на 1-1, а при овој резултат домаќините промашија неколку извонредни шанси да стигнат до втор гол и целосен пресврт.
Казната стигна во самиот финиш, и тоа по две големи грешки на фудбалерите на Бриж, најпрвин Мехеле со почетничка интервенција си даде автогол во 83. минута, а конечните 1-3 од пенал ги постави Асенсио, откако Цолис лошо реагираше и го фаулираше Мети Кеш во шеснаесетникот.
Победникот од овој двомеч за ривал во четвртфиналето ќе го има подобриот од пресметките меѓу Ливерпул и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

