Астон Вила го договори италијанскиот репрезентативец

Астон Вила се договори со Галатасарај за крилниот фудбалер Николо Заниоло. Англискиот клуб ќе му плати на турскиот 30 милиони евра отштета, но на крајот од сезоната, откако најпрво се договори за три милиони евра како позајмица за оваа сезона. Потоа за 20 милиони плус седум како бонуси може да го откупат договорот.

Заниоло ќе потпише договор до 2027 година, и ќе заработува 3,5 милиони евра. Така 24-годишниот фудбалер по само шест месеци во Истанбул, се сели во Бирмингем, а Галатасарај го купи од Рома за 15 милиони евра.

Заниоло ќе биде уште еден голем трансфер на Астон Вила, после Јури Тилеманс, Пау Торес и Муса Диаби.

Се вчитува...