Астон Вила го има рецептот за Њукасл (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила стигнаа до голема победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако вечерва на домашен терен го декласираа Њукасл со убедливи 4-1 во меч од 33. коло во Премиерлигата.

Домаќините уште во првата минута поведоа со 1-0 со голот на Воткинс. На 1-1 израмни Шар во 18. минута, а со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел Матсен во 64. минута донесе водство од 2-1, а со автоголот на Бурн во 73. минута беше и 3-1. Конечните 4-1 беа дело на Онана во 75. минута.

Aston Villa [4] – 1 Newcastle – A. Onana 75'
byu/etclassico insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...