Астон Вила го купи најдобриот стрелец на Ница

Досегашниот напаѓач на Ница, Еван Гесан се пресели во Астон Вила. Англискиот клуб го потврди трансферот на 24-годишниот напаѓач, кој беше најдобар стрелец на клубот минатата сезона.

Претходно беше познато дека целиот трансфер ќе чини околу 35 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Договорот е на пет години.

Гесан во минатата сезона постигна 12 гола на 33 меча во Лига 1. Исто така запиша и осум асистенции.

Се вчитува...