Астон Вила доби големо засилување во средниот ред откако го обезбеди потписот на досегашниот играч на Лестер, Јури Тилеманс. Тој уште претходно ги договори сите услови за трансфер на „Вила Парк“, а сега трансферот стана и официјален. Фудбалерот стигна во Астон Вила како слободен агент.
Официјалниот сајт на Астон Вила напиша дека тој ги минал прегледите успешно и ставил потпис на договорот, но не се открива на колку временски е истиот.
Тој е првото летно засилување за екипата на Унаи Емери, а се шпекулира дека следен кој ќе пристигне на „Вила Парк“ ќе биде Пау Торес од Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

