Астон Вила го совлада Фулам и ја „мерка“ Европа (ВИДЕО)

Дефинитивно Унаи Емери ја препороди екипата на Астон Вила, која од позиција да се бори за опстанок, стигна до позиција во Европа. Вечерва Вила го сволада составот на Фулам минимално со 1-0.

Тајрон Мингс во 21. минута го постигна единствениот гол вреден три бода. Иако не брилијираше, Астон Вила дојде до потребната победа, која ги лансира на петтата позиција во моментов, која носи излез во Лигата на Европа.

Фулам, пак, со овој пораз и дефинитивно се збогуваше со шансите да избори место на меѓународна сцена.

Се вчитува...