Астон Вила го совлада Тотенхем и ја продолжи борбата за ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Астон Вила остана во трка за пласман во Лигата на шампионите идната сезона, откако го совлада Тотенхем на домашен терен со 2-0. Од друга страна Тотенхем, пак, се „зацврсти“ на 17-тата позиција на табелата, за огромно разочарување на навивачите на овој тим. Сепак, и Тотенхем може да избори место во ЛШ, ако ја освои Лигата на Европа во финалето против Манчестер Јунајтед.

Тренерот на Тотенхем, Енџи Постекоглу се реши да одмори некои од првотимците пред финалето во ЛЕ, а тие не може да и парираат на расположената Астон Вила. Двата гола паднаа во вториот дел.

Најпрво Езри Конса во 59. минута донесе преднос за тимот од Бирмингем, а потоа Камара во 73. минута зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат.

Се вчитува...