Астон Вила ја запре серијата победи на Тен Хаг со Манчестер Јунајтед

Астон Вила ремизираше 2-2 на пријателскиот меч со Манчестер Јунајтед, со што беше прекината серијата од три победи што Ерик тен Хаг ја имаше од стартот на авантурата како предводник на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед беше на чекор до нов триумф откако поведе со 2-0 со головите на Санчо и Кеш (автогол). Со овој резултат се замина и на одмор, Вила на стартот од вториот дел намали преку Бејли, а откако Тен Хаг ги промени речиси сите првотимци, избраниците на Стивен Џерард во судиското продолжение стигнаа до реми со голот што го постигна Чемберс.

Тен Хаг ниту за овој меч не можеше да смета на Ериксен и на Лисандро Мартинез, а од летните засилувања настапи само бекот Маласија, кој влезе во игра во 67. минута на местото на Лук Шо.

Се вчитува...