Астон Вила му посака добродојде на Кутињо

Трансферот на Филипе Кутињо во Астон Вила се реализираше. Откако ги мина лекарските прегледи, 29-годишниот Бразилец го стави потписот на договорот, односно позајмицата од Барселона до крајот на сезоната. Исто така има опција за купување по завршување на сезоната.

Со тоа Кутињо се врати во Премиер-лигата откако настапуваше пет години во Ливерпул, од 2013 до 2018, а потоа замина во Барселона за преку 100 милиони евра. Но, откако не се снајде во дресот на Каталонците, беше на позајмица во Баерн Минхен, а сега во Астон Вила.

Во Астон Вила менаџер ќе му биде прославениот Стивен Џерард, со кого заедно играше во Ливерпул.

Се вчитува...