Астон Вила напаѓаше, Јунајтед стрелаше за останување во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед вечерва едвај успеа да се спаси од опасните напади на Астон Вила, па благодарение на голот на Мектоминеј и раното водство во 8.минута, успеа да обезбеди минимална победа за пласман во следната фаза од ФА Купот.

Фудбалерите на Стивен Џерард буквално како да играа на домашен терен, па постојано форсираа пресинг и креираа шанси пред голот на извонредниот Давид де Хеа, кој по кој знае кој пат беше на висина на задачата.

Астон Вила во второто полувреме постигна и гол, но главниот арбитер по консулатција со ВАР го поништи. Гостите до крајот на мечот се обидуваа да изедначат, но во тоа не немаа среќа и не успеаа.

Јунајтед по оваа победа за притивник во следната фаза од Фа Купот ќе го има тимот на Мидлсброу.

 

 

Се вчитува...