Фудбалерите на Клуб Бриж водат со 1-0 во натпревар од 4. коло од новиот формат во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со голот од пенал на Ванакен во 52. минута. Како беше досуден пеналот е најинтересната ситуација на овој меч. Емилијано Мартинез ја изведе топката, но неговиот соиграч Тајрон Мингс „ги измеша брзините“ па место да игра со нога, одлучи тој да го изведе почетниот удар, по што главниот судија на мечот досуди пенал.
Иста ситуација се случи лани кога играа Баерн и Арсенал во четвртфиналето на ЛШ. Откако фудбалерот на „топчиите“ Габриел исто така играше со рака, тогашниот судија не досуди пенал за Баварците.
Club Brugge 1-0 Aston Villa – Hans Vanaken penalty 52'
byu/MeladroitTV insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА