Астон Вила, по дебаклот на стартот, сега го декласираше Евертон (ВИДЕО)

По убедливиот пораз од 1-5 на гостувањето против Њукасл во првото коло од Премиерлигата, Астон Вила сега сосема спротивно го декласираше Евертон победувајќи со 4-0 пред своите навивачи.

Славјето на домашните го најави Мекгин во 18. минута, а Даглас Луиз зголеми на 2-0 во 40. минута.

Во 51. минута беше веќе 3-0 со погодокот на Јамајканецот Бејли, а откако Емери направи четири замени, во 74. минута Дјурен постигна и четврти гол.

Евертон го доживеа и вториот пораз, откако на стартот загуби од Фулам со 0-1, на домашен терен.

Се вчитува...