Астон Вила сака да го задржи Асенсио, подготви понуда за ПСЖ

Веќе е јасно дека Марко Асенсио ќе го напушти ПСЖ ова лето, откако стана јасно дека за Шпанецот нема место во ростерот на европскиот првак. Токму од тука тој мина на позајмица минатата сезона во Астон Вила, а сега би можел да остане на „Вила Парк“ во Бирмингем.

Според информациите, Астон Вила подготвува понуда за пермантен трансфер. Сумата која англискиот тим ја подготвува изнесува 20 милиони евра. Тоа би требало да биде доволна сума која ќе ги задоволи челниците на ПСЖ да му дадат зелено светло за заминување во Англија, со оглед дек договорот на Шпанецот истекува идната сезона.

Во пролетниот дел од минатата сезона, Асенсио запиша осум голови и една асистенција. Во минатото беше дел и од Реал, за кого одигра 286 натпревари и ги освои сите можни трофеи, пред да премине во ПСЖ во 2023 година како слободен агент.

Се вчитува...