Фудбалерите на Астон Вила и во вториот натпревар од новата сезона останаа без победа откако денеска загубија на гостувањето кај Брентфорд со минимални 1-0 во 2. коло од англиската Премиерлига.
Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 4. минута кога Оутара го постигна погодокот вреден три бода. До крајот на мечот гостите останаа и со играч помалку откако Тоти во 49. минута поради груб старт доби директен црвен картон.
Toti (Wolves) straight red card against Bournemouth 49'
byu/Cute_Office277 insoccer
И останатите два меча од понудата од 16 часот завршија со победи на домаќините: Бормут – Вулверхемптон 1-0 и Барнли – Сандерленд 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

