Астон Вила и Ливерпул ремизираа со 3-3 во последниот натпревар од 37. коло во Премиерлигата.
Големиот кикс на Емилијано Мартинез кој сам си постигна автогол донесе предност за Ливерпул во 2. минута од натпреварот, но позитивата на „црвените“ траеше само десет минути бидејќи во 12. миниута Тилеманс ја затресе мрежата за 1-1. Десетина минути подоцна беше постигнат нов гол, овој пат стрелец беше Гакпо за 1-2.
Квансах со гол во 48. минута ја зголеми предноста на Ливерпул на 1-3, но Астон Вила не се предаде. Дуран со гол во 85. минута намали на 2-3, а три минути подоцна повторно ја затресе мрежата за конечните 3-3.
Ова реми носи и неизвесност за Астон Вила за пласман во Лигата на Шампионите следната сезона, додека Ливерпул останува сигурен на третата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА