Астон Вила се врати во елитното натпреварување на англискиот фудбал. Тимот од Бирмингем го доби финалниот дуел од плејофот во Чемпионшип дивизијата совладувајќи го Дерби со 2-1 на „Вембли“. Овој меч на Островот беше наречен и пресметка за 170 милиони фунти, колку што ќе заработи Астон Вила со самиот настап во Премиер – лигата следната сезона.
Астон Вила им се придружи на Норвич и на Шефилд Јунајтед кои директно изборија пласман во елитата.
Анвар Ел Гази во 44.минута ја доведе Астон Вила во водство, а Џон Мекгин во 59.минута ја искористи грешката на противничкиот голман и зголеми на 2-0. Дерби намали преку Мартин Вагхорн во 81.минута, но немаше сили за израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА