Астон Вила се засилува од Борусија Дортмунд

Англискиот премиерлигаш Астон Вила, е заинтересиран за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Донјел Мален. Холанѓанецот и самиот сака да игра во Премиерлигата, па така не е исклучено уште во јануари да направи трансфер во Бирмингем.

Мален е дел од Борусија од 2021 година откако дојде од ПСВ. За „милионерите“ одигра повеќе од 100 меча. Досега англискиот тим испратил две понуди, од кои првата од 15 и втората од 18 милиони евра. Наводно германската екипа барала 25 милиони.

Со оглед дека тимот од Дортмунд сака да им даде повеќе шанса на Адејеми и на Бајно-Гитенс, не би било изненадување да го продаде уште во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...