Астон Вила ја продолжува трката со Арсенал за шампионската титула во Премиерлигата, откако во 20. коло триумфираше со 3-1 против Нотингем Форест.
Домашните дојдоа до предност со прекрасниот гол на Воткинс во последната минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Во вториот дел, МекГин во 49.минута зголеми на 2-0, а откако гостите намали на 2-1, потоа следеше еден „луд“ гол на домашните за конечни 3-1.
Погреши гостинскиот голман при истрчување, а МекГин со шут од 35 метри ја погоди празната мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

