Астон Вила продолжува да биде вистински хит сезонава во Премиер-лигата откако вечерва го зеде скалпот и на Арсенал совладувајќи го на домашен терен со минимални 1-0 како дел од 15. рунда во елитниот англиски шампионат.
Клучниот момент во натпреварот се случи уште во седмата минута од мечот кога МекГин го постигна погодокот вреден три бода за тимот од Бирмингем со кој се искачи на втората позиција на првенствената табела со само бод помалку од лидерот Ливерпул. Во финишот Хаверц постигна погодок за Арсенал, но по прегледување на ВАР беше поништен поради играње со рака.
Aston Villa [1] – 0 Arsenal – John McGinn 7′
byu/PSGCampus insoccer
Kai Havertz disallowed goal against Aston Villa 90′
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА