Актуелниот европски шампион, руската ЦСКА Москва се лизна на гостувањето кај АСВЕЛ 67-66. Џордан Тејлор беше херој за домаќините откако успеа да погоди за три поени на 13 секунди до крајот на мечот. Во последниот напад Мајк Џејмс не успеа да поентира, а публиката во Франција почна да ја слави победата над актуелниот шампион. Рихардс со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека херојот Тејлор заврши со еден помалку. Кај рускиот тим трагичарот Мајкл Џејмс беше најефикасен со 14 поени.
Грчкиот Панатинаикос ја совлада шпанската Валенсија со 91-80. Грците уште од самиот старт го контролираа мечот и во ниту еден момент не им дозволија на гостите да помислат дека можат да се вратат во натпреварот. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дешон Томас со 19 поени, надополнети со пет скока. Кај поразените се истакна Џордан Лојд со 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА