Струмица уште еднаш ги потврди амбициите за највисок пласман на домашната сцена, а за остварување на таа цел актуелниот првак денеска промовираше ново засилување.
Станува збор за канадскиот интернационалец Најџел Нилсен, кој ќе биде значаен адут на струмичани во атакот на двојната титула.
„Со голема возбуда и гордост ја објавуваме најновата аквизиција на нашиот тим – Најџел Нилсен, искусен интернационален одбојкар кој ќе го засили составот на ОК Струмица 47&72 оваа сезона! Нилсен, роден на 27 јануари 2000 година во Канада, е одбојкар со богато искуство на позицијата примач. Ни доаѓа од грчкиот клуб Орестиадас, а со својата висина од 196 см и извонредни технички способности, Нигел ќе внесе дополнителна динамика и квалитет во нашата игра. Ако научивме нешто од прекрасната соработка во две сезони со канаѓанецот Деан Глобоцки е дека не чека уште една многу успешна соработка и сезона“, објавија струмичани на официјалната фејсбук-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

