Аталаната извлече реми во финишот против Удинезе, победа за Фиорентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Удинезе и Аталанта одиграа без победник 1-1 во натпревар од 12. коло во италијанската Серија А. Домаќините пропуштија голема шанса да стигнат до водство од 1-0 уште во 31. минута откако Саксес не реализираше пенал.

Сепак, до крајот на првиот дел тимот од Удине поведе со погодокот на Валас во 44. минута. Гостите на крајот некако успеаја да се спасат од пораз откако Едерсон израмни на 1-1 во 92. минута.

Udinese 1 – [1] Atalanta – Ederson 90+3'
byu/Previous-Success8007 insoccer

 

Во вториот меч од понудата во 15 часот Фиорентина славеше на домашен терен против Болоња со 2-1.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...