Аталанта ќе биде сериозно ослабена за утрешниот последен натпревар од Лигата на Шампионите откако италијанскиот тим остана без својот најдобр фудбалер, Адебола Луман.
Крилниот офанзивец од Нигерија има проблем со коленото, воопшто не тренираше во последните два дена, по што стана јасно дека нема да му биде на располагање на тренерот Гасперини за утрешниот дуел. Деталните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата и колку ќе изнесува паузата на Лукман, а првите прогнози велат дека одличниот офанзивец би можел да отсуствува најмалку еден месец од терените.
Лукман сезонава настапи на 27 натпревари за Аталанта, постигнувајќи 14 гола и 7 асистенции.
Само за потсетување, херојот од финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен беше избран и за „Најдобар Африкански Фудбалер за 2024 година“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

