Италијанскиот фудбалски клуб Аталанта има нови сопственици, потврдија од клубот. Ваквите информации се најавуваа веќе со недели, а денеска стигна и официјална потврда.
Американски инвеститори станаа доминатни сопственици на клубот кој што им пркоси на богатите и големите во Италија.
Управата на Аталанта ги потврди овие информации, односно дека се продадени 55% од акциите на клубот.
На чело на инвеститорот од САД е Стивен Паљука, ко-сопственик на НБА тимот Бостон Селтикс.
„Аталанта и Селтикс делат иста вредност. Нашата цел е да ги зголемите приходите, но и да станеме кандидати за титула, како во Италија, така и во Европа. Фондот е способен да поддржи такви амбиции“, рече Паљука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА