Италијанскиот клуб Аталанта ја одби понудата на Манчестер Јунајтед од 50 милиони евра за бразилскиот фудбалер Едерсон.
Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Аталанта на управата на англискиот клуб му кажале дека не сакаат да го продадат бразилскиот фудбалер, бидејќи сезоната во Серија А веќе започна.
Едерсон (25) пред две години пристигна во Аталанта од Салернитана за 23 милиони евра, а со клубот од Бергамо има договор до 30 јуни 2027 година.
За Аталанта минатата сезона одигра 53 натпревари и постигна седум гола, а со клубот од Бергамо ја освои и Лигата на Европа.
Едерсон одигра два натпревари за репрезентацијата на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА