Аталанта го декласира Милан

Аталанта оствари убедлива победа (5-0) над Милан и се искачи на петтата позиција на табелата со 31 бод. Тимот на Џанпјеро Гасперини беше доминантен и буквално ги понижи „росонерите“ на овој меч.

Алехандро Гомез го отвори резултатот во десеттата минута, Марио Пашалиќ зголеми на 2-0 во 61.минута, а потоа следуваа два гола на Јосип Иличиќ во 63. и во 72.минута. Серијата голови ја затвори Луис Муриел во 84.минута од дуелот.

Милан се наоѓа на десеттата позиција со 21 бод и на очаен начин ја заокружи 2019 година.

Се вчитува...