Наполи смени двајца тренери сезонава, но и натаму „пее“ стара песна. Тимот загуби на домашен терен убедливо со 0-3 од Аталанта, која ја продлабочи кризата на „наполитанците“, и ако продолжат вака, нема да обезбедат место во Европа идната сезона.
Миранчук и Сакамака во првиот дел му донесоа предност на тимот на Аталанта од 0-2, која се покажа како клучна за овој меч, а во финишот на мечот Копмајнерс само ја потврди победата со трет гол во мрежата на Мерет.
Оваа беше девети пораз за Наполи во сезоната. и сега Аталанта бега пет бода на шестото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА