Италијанска Аталанта се засили за новата сезона со уште еден офанзивен играч за врска, српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ кој до сега играше за Удинезе.
Договорен е трансфер меѓу двата клуба за сума од 20 милиони евра плус 5 милиони во бонуси. Самарџиќ ќе потпише договор со Аталанта до јуни 2028 година, со опција за продолжување.
По ангажманот на Самарџиќ, Аталанта сега се откажува од Мет О’Рајли од Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА