Фудбалерите на Аталанта го направија конечниот чекор кон пласманот во Лигата на шампионите следната сезона откако денеска во првиот меч од денешната програма од 37. коло во Серија А славеа на гостувањето кај Лече со 0-2.
Водство од 0-1 за гостите донесе Де Кетеларе во 48. минута, додека конечните 0-2 беа дело на Скамака во 53. минута. Со овој триумф Аталанта има шест бода предност пред Рома која има уште два меча до крајот, но и дури девет гола подобра гол разлика од ривалот за последното место кое следната сезона носи во ЛШ.
Lecce 0-2 Atalanta – Gianluca Scamacca 53′
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА