Фудбалерите на Аталанта продолжија со одличните игри во Серија А триумфирајќи на домашен терен над Удинезе со 2-1. Ова беше петта победа во низа за тимот на Гасперини, кој со трите бода се израмни со Наполи на делба на првото место, во пресрет на вечерашното гостување на „наполитанците“ против шампионот Интер.
Првото полувреме мина во знакот на Удинезе, гостите имаа еден поништен гол со ВАР, за во последните секунди од првиот дел сепак да стигнат до водство со погодокот на Камара.
Решавачко се покажа влегувањето на Беланова како нов десен бек на местото на Запакоста на стартот од вториот дел, ако се знае дека Беланова асистираше при израмнувачкиот гол што го постигна Пашалиќ. Неколку минути подоцна Аталанта стигна и до целосен пресврт, со автоголот на Туре по еден центаршут од десната страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА