Аталанта одигра уште еден разочарувачки меч во Калчо-лигата, губејќи со 1-0 на гостувањето против Салернитана, за нови загубени бодови во трката за место во ЛШ за наредната сезона. По поразот на домашен терен од Јувентус минатиот викенд, избраниците на Гасперини денеска повторно потфрлија, па беа казнети за слабото издание со голот што го постигна Антонио Кандрева во судиското продолжение.
Гостите не успеаја ниту да наменат иницијатива преку посед, Салернитана умешно ги затвораше приодите кон сопствениот гол, чекајќи шанса да го загрози голот на фаворитот. Диа не реализираше убава можност кон средината на второто полувреме, но затоа блесна ветеранот Кандрева, кој со гол постигнат во судиското продолжение донесе голема победа, со која Салернитана на три кола до крајот веќе го осигура опстанокот во елитното друштво.
Аталанта со овој пораз остана на седмото место на табелата, рамо до рамо со Рома и со три бода заостанување и меч повеќе во однос на петтопласираниот Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА