И официјално заврши италијанската Серија А со последниот меч одигран денеска помеѓу Аталанта и Фиорентина. Заврши во корист на „виолетовите“ со 2-3, меѓутоа не смени ништо кога станува збор за позициите на табелата.
Сите пет гола беа постигнати во првиот дел, и се чинеше дека тука ќе има повеќе од седум гола, но во второто полувреме стрелците застанаа.
Белоти ја донесе Фиорентина во водство, а Лукман израмни. Гонзалез за ново водство на Фиорентина во 19. минута, за Скалвини во 32. минута да израмни. Белоти во судиското надополнување на првиот дел со нов гол и носи победа на Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА