Раководството на Аталанта приреди големо изненадување во изборот за нов тренер, откако клубот од Бергамо реши Иван Јуриќ да го наследник Џампјеро Гасперини на кормилото.
Гасперини реши да си замине од клубот и се пресели на клупата на Рома, челниците на Аталанта во меѓувреме преговараа со неколку стратези, а во финалниот избор влегоа Јуриќ, Мота и Паладино.
Хрватот не успеа да се задржи цела година на последните неколку работни ангажмани, а сезонава се посрамоти во Англија, откако издржа само неколку месеци во Саутемптон пред да биде отпуштен со „етикета“ – најслаб тренер во Премиер-лигата.
Сепак, во Аталанта сметаа дека тој инсистира на пресинг по цел терен исто како и Гасперини, бара челична дисциплина исто како и доскорешниот стратег, поради што Хрватот беше договорен за двогодишна соработка, за плата од 2,5 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

