Аталанта ја одреди цената за Лукман

Аталанта се подготвува за сериозен ремонт во текот на летово, тренерот Гасперини по долги години ќе го напушти тимот од Бергамо, а по негови стапки ќе тргне и најдобриот фудбалер на Аталанта во последните две сезони, Адебола Лукман.

Нигерискиот крилен офанзивец влезе во конфликт со Гасперини минатиот месец, страстите се смирија, се очекуваше Лукман да остане откако Гасперини најави заминување, но сега и тој план е променет. Манчестер Јунајтед и Њукасл покажаа сериозен интерес за овој фудбалер, а Аталанта планира да ја искористи ситуацијата за добро да наплати уште еден трансфер, како што тоа калчолигашот од Бергамо умешно го прави со години наназад.

Италијанските медиуми информираат дека е одредена и цената – аукцијата за Лукман ќе стартува од 55 милиони евра, а Аталанта се надева дека ќе успее да стигне и над 60 милиони евра, пари што потоа би биле инвестирани во нови фудбалери во летниот преоден рок.

Се вчитува...