Аталанта ја продолжува црната серија во италијанската лига, а овојпат се „лизна“ на домашен терен против Верона во рамки на 33. коло (1-2).
Верона покажа одлична игра уште на самиот старт од овој двобој, покрај добрата поставеност во одбраната гостите притискаа и во нападот. Ваквиот пристап кон играта го зачини со гол Федерико Чекерини во последните секунди од првото полувреме, донесувајќи прво водство за гостите.
Во второто полувреме Теун Копмајнерс си постигна автогол во 55.минута, па и помогна на Верона да дојде до голема предност од два гола разлика.
Аталанта во последните минути од натпреварот ја намали преднсота на гостите преку Џорџо Скалвини, но ниту овој гол не им помогна да го избегнат поразот од Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА