Аталанта ја затвори вратата: Лукман не оди никаде

Аталанта донесе конечна одлука за иднината на Адебола Лукман – затворајќи ја вратата за заминување на најдобриот фудбалер на тимот од Бергамо до крајот на оваа календарска година. Нигериецот предизвика скандал одбивајќи да тренира за да издејствува трансфер во Интер, но челниците на Аталанта останаа доследни на сумата што ја бараа, Интер одби да ја плати, по што трансферот пропадна.

Лукман во меѓувреме се врати во Бергамо, почна со тренинзи изолирано од екипата чекајќи трансфер, но Аталанта не доби ниту една интересна понуда до крајот на преодниот рок. За тренерот Јуриќ и за клупските директори нема дилема, Нигериецот е член на Аталанта и треба што поскоро да биде интегриран назад во екипата, па затоа и Лукман беше вклучен на листата на играчи за настап во Лигата на Шампионите.

Преодниот рок е се уште активен во Турција и во Саудиска Арабија, гигантите од овие земји покажаа интерес за крилниот офанзивец, но Аталанта ја затвори вратата за трансфер. Причина – фактот дека тимот од Бергамо нема да може да доведе адекватна замена, поради што оваа дефинитивно заврши без летен трансфер на Нигериецот.

Се вчитува...