Аталанта лошо си помина во Белгија: Бриж од пенал во последните секунди до триумф

Екипата на Бриж има предност од 2-1 после првиот меч против Аталанта во плеј-офот во Лигата на шампионите. Белгискиот тим со гол од пенал во судиското надополнување успеа да го сруши италијанскиот тим, и да му го загорчи патот меѓу најдобрите 16 во најелитното европско натпреварување.

Џутгла во 15. минута од средбата го донесе Бриж во предност, на асистенција на Таиби. Сепак, италијанскиот тим брзо се врати во игра, и преку Пашалиќ во 41. минута успеа да израмни.

Во вториот дел имаа шанси и двата тима, но еден смешен пенал во судиското надополнување го реши победникот. Реализираше Нилсoн за водство и победа на Бриж пред реваншот во Бергамо.

Се вчитува...