Екипата на Аталанта ја совлада Рома со 2-1, во последниот натпревар од 36. коло во Серија „А“, со што и дефинитивно тимот од Бергамо ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона, со оглед дека го обезбеди третото место на две кола до крајот.
Рома го доживеа првиот пораз после пет месеци, или 19 меча, и со тоа се оддалечи за момент од Лигата на шампионите, но и натаму е во игра заедно со Јувентус, Лацио, Болоња и Милан да стигне до место во најелитното европско клупско натпреварување.
Аталанта поведе со голот на Адемола Лукман во 9. минута од средбата. Сепак, Рома успеа да израмни преку Кристанте.
Во 76. минута Сулемана со убав гол донесе ново водство за Аталанта, кое беше доволно за триумф на овој меч.
Последен пораз на Рома во Серија „А“ беше од Комо на 15. декември, што значи дека ова беше прв пораз на „волчицата“ во оваа година во италијанскиот шампионат, не сметајќи ги поразите во Купот на Италија и во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

